Лондон нуди за секого по нешто. Оваа метропола едноставно никого не остава рамнодушен. Било тоа да се вљубените парови осамените талкачи кои ја продлабочуваат својата филозофија, вљубениците на архитектурата, историјата и уметноста, или пак уметниците кои бараат инспирација во дождот. Сепак, да бидеме реални, Лондон нуди најдобра забава за спортските навивачи, посебно за фановите на фудбалот.
Emirates Stadium е третиот по големина во Лондон и е домот на фудбалскиот клуб Arsenal. Сместен во Holloway, овој стадион има капацитет да собере 60,361 навивач. Покрај фудбалски натпревари, во него се одржуваат и концерти на светски познатите артисти. Минатата година Muse и Green Day одлучија своите концерти во Британија да ги прават токму во овој стадион.
Доколку имате можност да го посетите, не го заборавајте и Музејот на Арсенал, каде се изложени медали и спомени како од добрите, така и од лошите периоди на тимот.
По или пред добриот натпревар/концерт, наш совет е да го посетите WOLKITE KITFO ресторанот, блиску до Emirates Stadium. Совршен за семејно и пријателско дружење и гарантирано уживање во етиопските специјалитети.