Дали сте забележале дека типографијата во сите свои реализирања спонтано стана тренд во уредувањето на домот или обликувањето на стилот? Не само што се наметна како литературен тренд врз ѕидовите, масите, украсите… се премости кон чантите, марамите, секојдневните маички. Денешниот Направи сам проект се однесува повторно кон украсување на парче од домот – стоечка ламба, чија едноставност се зачинува со неколку интересни зборови… За таа цел, потребно ќе Ви биде малку од материјали, додека инспирацијата Ви препорачуваме да ја најдете во некоја од Вашите омилени песни, поеми или пак извадоци или цитати!