Не постои човек на планетата Земја кој не ја чул приказната за малечкото плавокосо девојче кое ужива во книгите, со помош на сопствената имагинација успева да открие сосема нови и апсолутно непознати размери на светот и умот, да ги моделира и обликува согласно своите интереси, стравови и одлуки, без притоа да чувствува грижа на совест и страв од осуда во сферата во која живее.
Овој пат, видеото кое следува не ја следи Алиса како главна хероина во приказната, туку предност дава на восприемањето на истата… дело на Matteo Giuseppe Pani, каде што самиот автор дава едно свое, помрачно видување на самата приказна, така што оној кој ужива во ова видео, ужива и во настаните од Земјата на чудата, како директен и главен партиципиент.
Уживањето е само Ваше.