На 24-ти и 25-ти март се снимаше спотот за песната “To The Sky” од Тијана Дапчевиќ. “БМА Продукција” е заслужна за видеото, чија премиера е закажана за 10ти април. Според фотографиите, можеме да кажеме дека се работи за несекојдневно, урбано видео, со крајно впечатлива приказна, која се надеваме ќе го привлече европското внимание оваа година.
Наша задача е да и посакаме среќа на Тијана за овогодинешната Евровизија. Сепак, добра песна оди секогаш заедно со добар спот, зарем не?