Доволно е да се погледне малата, но неодоливо привлечна куќичка во Марбеља, на југот од Шпанија, која сопственичката ја користи како гостинска куќа за незаборавно поминати денови на своите пријатели. Сместена e во прекрасен природен амбиент, во опкружување на дрвја и многу зеленило, меѓу кои оваа колоритна градба се издвојува со впечатливата жолта фасада и зелениот кров, малите прозорци и убавата градина. Во внатрешноста, пак, акцентот е ставен на смиреноста, лежерното чувство и топлината, па така во целиот простор доминираат неутралните тонови на бела, зелена и беж боја, но и природните и нежни материјали, како што се дрво, памук и лен. За целокупното уредување е задолжена дизајнерката Vanda Jewes, која на овој сензуален и по малку романтичен ентериер му дава автентична нота со деталите и декорирањето. Меѓу нив се и мозаичниот под, двата камина позиционирани во дневната и спалната соба, но и мини кујната интегрирана во само едно шкафче во дневната соба, која е целосно функционална и пристапна. Од друга страна, дворот и терасата, со цветно декорираната маса, минијатурните грмушки и зеленилото, комплетно се во допир со природата, и се веројатно најубавото место за одмор на сетилата, со релаксирачките мириси на Медитеранот кои допираат од далеку. Прекрасна викенд инспирација!
Куќичка како од сказна
Куќите од сказните можеби се плод на имагинацијата, но тоа не значи дека во некоја форма не може да се сретнат и во реалноста.